петок, 7. мај 2021. Вести денес: 165
home Останати спортови

Марк Селби го освои Светското првенство во снукер

Марк Селби го освои Светското првенство во снукер

Светското првенство во снукер кое се одржа во Шефилд помина во знакот на Марк Селби.

37-годишникот од Лестер се израдува на четвртата титула, победувајќи го Шон Марфи во големото финале. Победникот освои 500.000 фунти, а финалистот инкасира 200.000 фунти.

Селби стигна до 16-12, но Марфи покажа дека заслужено е во мечот за трофеј и се обиде да направи кам-бек. Најблиску што стигна беше 17-15, но тогаш направи промашување кое го чинеше конечен пораз.

Ова е четврта победа за вториот играч на светот во последните осум години.

Коронавирус