сабота, 22. септември 2018. Вести денес: 29
home Останати спортови

Маринели му додели отказ на контроверзниот Фенати

Маринели му додели отказ на контроверзниот Фенати

Италијанскиот мотоциклист Романо Фенати доби отказ од тимот на Маринели Снајперс по инцидентот на вчерашната трка возена за Големата награда на Сан Mарино.

Фенати во еден момент од трката се доближи до Стефано Манци и при брзина од околу 200 км/час се обиде да ја притисне неговата кочница, со што животно го загрози ривалот на патеката. Двајцата возачи претходно имаа кошкања на патеката, при што Манци го избутка Фенати од патеката.

Манци беше казнет со шест позиции, додека надлежните го санкционираа Фенати со суспензија од две трки.

Од Маринели се извинија за однесувањето на својот досегашен возач во Мото 2-шампионатот.

– Тимот се дистанцира од постапката на Фенати и и се извинува на целокупната спортска јавност. Тоа што тој го направи е лоша порака за сите, и за гледачите и за спонзорите, соопштија од Маринели.