вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 1
home Останати спортови

Марин Чилиќ го освои турнирот во Санкт Петербург

Марин Чилиќ го освои турнирот во Санкт Петербург

Поранешниот светски рекет број три, Марин Чилиќ е освојувач на титулата на турнирот во Санкт Петербург кој се играше во текот на изминатава недела.

Хрватот во завршниот меч беше подобар од Американецот, Тејлор Фриц со 2-1 во сетови со 7-6 (3), 4-6, 6-4 по скоро два ипол часа игра.

Ова за Чилиќ беше второ славје на ова место, четврто на руско тло (двапати има победено во Москва) или севкупно ова беше 20 АТП титула со што стана само шести активен играч со ваков учинок.

Останатите се Рожер Федерер (103), Рафаел Надал (88), Новак Ѓоковиќ (85), Енди Мари (46) и Хуан Мартин Дел Потро (22).

Коронавирус