петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 48
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против мафијата, за правда и слобода

home Останати спортови

Марија Макарова – фитнес инструкторка што ја покори Европа

Марија Макарова – фитнес инструкторка што ја покори Европа

Фитнес инструкторката од Краснојарск, Марија Макарова, стана ѕвезда не само на рускиот боди билдинг, туку едноставно ја покори и Европа. Русинката стана шампион на претижниот турнир, што го нои името на Арнолд Шварценегер, Arnold Classic Europe 2019, кој се одржа во Барселона.

Марија до неодамна работела во банкарска експозитура и не можела ни да сонува за спортска кариера, а да не се зборува за победи на меѓународни натпревари. Се се сменило кога таа го сретнала идниот сопруг.

Анатолиј и Марија стапиле во брак во 2017 година, а малку потоа го послушала сопругот и ја напуштила работата. Русинката одлучила поголемиот дел од слободното време да му го посвети на фитнесот. Само за неколку месеци таа стигнала до завидна мускулатура зачудувајќи ги дури и професионалните тренери, кои ја посоветувале да си ја проба среќата во натпревари по боди билдинг.

Само по една година тренинзи Марија Макарова го освојува шампионатот на Сибирскиот федерален округ, а по уште една година и титулата апсолутен шампион на Сибир. Откако станува ѕвезда во својата држава, Русинката почнува да се натпреварува и во странство и, конечно, да добива меѓународни признанија и награди.

 

Коронавирус