петок, 22. февруари 2019. Вести денес: 140
home Останати спортови

Мареј повторно на операција, нема да игра во Марсеј

Мареј повторно на операција, нема да игра во Марсеј

Британскиот тенисер Енди Мареј го откажа учеството на турнирот во францускиот град Марсеј и најверојатно ќе биде подложен на нов оперативен зафат.

Поранешниот прв светски рекет подолго време има проблеми со колкот. Тој испадна уште во првото коло на Грен слемот Австралија опен, а сега го откажа и учеството во Марсеј.

На почетокот на годинава Мареј најави крај на својата кариера во јуни.

– Поради болки во колкот Мареј најверојатно ќе оди на нова операција и ќе го пропушти турнирот, објавија организаторите на натпрреварувањето во Марсеј.

Британецот изрази жалење за ваквиот тек на настаните, но потенцира дека немал друг избор.

Турнирот во Марсеј е закажан за периодот 18 – 24 февруари, а замена за Мареј е чешкиот тенисер Томаш Бердих.

МИА