понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 20
home Останати спортови

Мареј планира да игра на УС Опен

Мареј планира да игра на УС Опен

Британскиот тенисер, Енди Мареј, планира да учествува на УС Опен во Њујорк, каде ја освои титулата во 2012 година.

Тениската асоцијација на САД се очекува да го потврди одржувањето на првиот Гренд слем по пандемијата на коронавирус во наредните десет дена.

Почетокот на турнирот во Њујорк е планиран за 31 август, без навивачи.

– Пред четири или пет недели, се сомневавме дека ќе се одржи турнирот. Но, во одреден момент мора да започнете ментално да се подготвувате, да правите планови. Да не беше така, распоредот ќе изгледаше поинаку. Јас правам планови, како турнирот да е на распоред, рече Мари, објавија Би-Би-Си.

Коронавирус