четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 117
home Останати спортови

Мареј не се плаши од Ѓоковиќ: Мојата цел е ново олимписко злато

Мареј не се плаши од Ѓоковиќ: Мојата цел е ново олимписко злато

Енди Мареј, двократниот последователен олимписки шампион нема намера лесно да се откаже од златото на претстојните Летни олимписки игри во Токио.

Иако во последните сезони се соочува со големи проблеми со повредите, кои не му дозволија да се врати во посакуваната форма, Шкотот не се откажува од намерата да го одбрани олимпискиот трон, иако пред себе ќе го има најдобриот на денешницата, Новак Ѓоковиќ.

„Доаѓањето по вторпат на Игрите во улога на бранител на златниот медал е возбудлива работа за мене, се радувам на новиот предизвик. Надминувањето на пречките и тешкотиите е нешто што ја дефинира конкуренцијата на ова ниво. Мојата цел е да освојам медал. Идеално би било уште едно злато за мојата земја. Јас најдобро знам колку овој спорт има влијание врз вашето тело, знам колку е тешко и фрустрирачко тоа патување до успехот“, рече Мареј.

Мареј го освои златниот медал во 2012 година во Лондон и 2016 година во Рио, но со оглед на неговата форма моментално е далеку од фаворитската улога во Токио.

Коронавирус