четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Останати спортови

Мареј и Азaренка добија специјални покани за Синсинати

Мареј и Азaренка добија специјални покани за Синсинати

Британскиот тенисер Енди Мареј и Белорусинката Викторија Азaренка добија специјални покани од организаторите на тенискиот турнир во Синсинати.

Мареј по речиси една година отсуство поради повреда на колкот падна на 838-то место на АТП листата. Тој во меѓувреме се врати на натпреварувањата, но сепак одлучи да се откаже од Вимблдон поради физичка неподготвеност. Британскиот тенисер смета дека ќе биде во вистинската форма за турнирот во Синсинати.

И Азаренка, која овој турнир го освои во 2013 година, беше принудена да ја запостави својата кариера, откако водеше судски процес за старателството на двегодишниот син.

Турнирот во Синсинати почнува на 11 август, а се очекува покани да добијат уште тројца тенисери и четири тенисерки. Тие се издаваат на играчи, кои се враќаат на терен по повреда или отсуство од друга причина, но не и по допинг.

Коронавирус