Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата пред Големата Награда на Мајами. Беше исклучително забавно за време на спринт трката, а три часа подоцна на програмата беа квалификациите.
За него оваа е втора пол-позиција по ред и вкупно трета оваа сезона. Ландо Норис од Мекларен и Кими Антонели од тимот на Мерцедес завршија веднаш зад него на второто и третото место.
Ландо Норис можеби ќе беше прв да не влезеше премногу тесно во кривината кон крајот на кругот, со што загуби рамнотежа.
Петтото место го освои Џорџ Расел, шестото и седмото беа за тандемот на Вилијамс, Карлос Саинц и Алекс Албон, осми беше Шарл Леклер, а потоа следеа Естебан Окон и Јуки Цунода. Трката во Мајами се вози в недела од 22:00 часот.