понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 155
home Останати спортови

Македонските одбојкари поразени од Египет на стартот од Медитеранските игри

Македонските одбојкари поразени од Египет на стартот од Медитеранските игри

Македонската одбојкарската репрезентација со пораз ги започна Медитеранските игри во Тарагона, а беше совладана со 3:2 во сетови од селекцијата на Египет.

Египќаните поведоа, освојувајќи го првиот сет со 26:24, но македонските одбојкари го добија вториот со 24:26 и изедначија на 1:1.

Египет го доби третиот сет со 25:23, а во следниот со идентичен резултат 23:25 Македонија повторно успеа да врати на 2:2.

Во одлучувачкиот сет египетските одбојкари беа подобри и го освоија со 15:11, обезбедувајќи победа.

Македонските одбојкари следниот натпревар го играат утре од 19 часот против Шпанија.

Прв на Медитеранските игри од македонските спортисти настапи Петар Јаневски, кој се натпреварува во стреличарство, па во квалификациите стигна до 37-та позиција од 40 натпреварувачи со освоени 514 поени.

(Миа)

Коронавирус