недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 89
home Останати спортови

Македонските одбојкари на мегдан против Србија

Македонските одбојкари на мегдан против Србија

Македонската одбојкарска репрезентација в петок ќе одигра пријателски натпревар против Србија на гостински терен во рамки на подготовките за настап во Европската сребрена лига на крајот од мај.

Натпреварот, како што соопшти попладнево Одбојкарската федерација на Србија, ќе се одигра во Велико Градиште, а со гостувањето на македонската репрезентација ќе биде одбележан јубилејот од освојувањето на шампионската титула на локалниот одбојкарски клуб ВГСК во поранешна Југославија во сезоната 1978/80.

Македонските одбојкари се во групата А во Европската сребрена лига заедно со Данска и Израел и ќе бидат домаќини на првиот од двата турнири, од 21 до 23 мај во салата „Парк“ во Струмица.

ЕУРО 2020

Македонија