петок, 15. ноември 2019. Вести денес: 86
home Останати спортови

Македонските одбојкари го започнуваат настапот на Европското првенство

Македонските одбојкари го започнуваат настапот на Европското првенство

Македонската одбојкарска репрезентација денес ќе го има своето деби на евро-шампионатите. „Црвено-жолтите“ изборија историски пласман на 31. Европско првенство каде прв противник ќе им биде Финска. Натпреварот се игра од 17:30 часот во Љубљана.

– Не сакаме да бидеме само обични учесници, сакаме и да победуваме. Нема што да се плашиме од Финска, тоа е добра репрезентација, но од наш ранг. Треба да бидеме агресивни, да ги намалиме грешките, да се бориме за секоја топка. Тие играат мудро, но имаат проблеми со високите топки. Очекувам ова да биде наш ден, да биде убав ден, оптимист е капитенот Никола Ѓорѓиев.

Другите две двојки за 1.коло од Ц-групата се:
Турција – Русија и
Словенија – Белорусија.