сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонските надежи во борба за врвот во Европа, но почнаа со порази

Македонските надежи во борба за врвот во Европа, но почнаа со порази

Најдобрите македонски јуниори до 14 години Калин Ивановски и Александра Симева од денес го започнаа настапот на Европскиот Мастерс турнир до 14 години, во Реџио Калабриа, Италија, кој се одржува во периодот од 05 до 08.10.2018 година.

Тие се пласирани во најдобрите 8 тенисери на Европа до 14 години.

Денес тие го играа 1 натпревар на Масетерсот до 14 години.

Македонските тенисери Калин Ивановски и Александра Симева загубија во првото коло на европскиот Мастерс до 14 години.

Ивановски загуби од чешкиот тенисер Метју Вилијам Доналд кој е втор носител на турнирот со 0-2 во сетови (4-6, 1-6).

Симева, пак, која има 13 години, во првото коло играше со Катерина Димитрова од Бугарија и загуби со 1-2 во сетови (0-6, 6-1, 6-1).

Коронавирус