сабота, 23. февруари 2019. Вести денес: 1
home Останати спортови

Македонските хокеари освоија злато во Германија

Македонските хокеари освоија злато во Германија

Македонската хокеарска репрезентација феноменалната низа на резултати ја заокружи со завршна победа во големото финале на „Девелопмент купот“, остварувајќи голем триумф над селекцијата на Португалија која едноставно се покажа како недораснат противник за нашата селекција.

„Црвено-жолтите“ стигнаа до биланс од пет победи на пет одиграни натпревари на турнирот кој се одржа во германскиот град Фусен, докажувајќи дека немаат достоен ривал во оваа конкуренција на репрезентации кои немаат изградено затворени хокеи арени.

Како и во вчерашното полуфинале со Андора, Македонија тргна фуриозно уште на самиот старт, а прашањето околу победникот беше решено по втората третина во која нашите хокеари имаа предност од 7:1. Во последниот период, победата беше потврдена со конечни 9:3, а на тој начин беше повтрден златниот медал кој сосема заслужено замина во рацете на нашите хокеари.