среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 171
home Останати спортови

Македонските боксери ги добија противниците на Европското првенство

Македонските боксери ги добија противниците на Европското првенство

Тројцата македонски боксери кои ќе настапат на Европското првенство за младинци во Будва ги дознаа првите противници.

Илхан Озмен ќе го прескокне првото коло согласно епилогот од ждрепката, а во второто коло во категоријата 64 кг, ќе ги вкрсти ракавиците со подобриот од мечот меѓу Романецот Висентиу и Ерменецот Галустјан.

Ајхан Озмен во категоријата 75кг, за противник го доби Сантијаго Селимај од Албанија, оваа борба е на програмата во недела.

Ардијан Аземи во категоријата 91 кг, за противник во првото коло го има Јакуб Стражевски од Полска, оваа борба е на програмата утре.

Европското првенство почнува утре, 14 ноември 2020. (МИА)

Коронавирус