вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 147
home Останати спортови

Македонскиот ШАМПИОН Георгиевски со олимпиското сребро на вратот и македонското знаме во раце ГОРДО помина под Порта Македонија

Македонскиот ШАМПИОН Георгиевски со олимпиското сребро на вратот и македонското знаме во раце ГОРДО помина под Порта Македонија

Македонскиот олимпиец во таеквондо Дејан Георгиевски, со олимпиското сребро на вратот и македонското знаме во раце, вчера гордо помина под Порта Македонија и пристигна на плоштад Македонија, каде беше организиран голем пречек за него.

Со овации од македонските граѓани, спортскиот херој Дејан, кој на Олимписките игри во Токио освои сребрен медал за Македонија во категоријата +80 килограми, беше пречекан од голем број лица.

Се вееја македонски знамиња и се извикуваше неговото име.

-Поздрав до сите Македонци. Добровечер Македонијо, победничка Македонијо. Ве обожавам. Благодарам за огромната поддршка. Фала му на Господ- вака македонскиот олимпиец им се обрати на насобраните граѓани.

Неговиот тренер пак, Борче Костовски упати две пораки:

-Првата е- Чувајте го Дејан како капка вода на дланка. А втората- Македонија ВЕЧНА!

Коронавирус