вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 81
home Останати спортови

Македонскиот боксер Гоце Јаневски обезбеди бронзен медал на Балканското првенство во Анталија

Македонскиот боксер Гоце Јаневски обезбеди бронзен медал на Балканското првенство во Анталија

Македонскиот репрезентативец Гоце Јаневски го победи Србинот Филип Џиниќ во четвртфиналето на Балканскио тшампионат во Турција со 3:2 во категоријата до 75 килограми. Со оваа победа Јаневски обезбеди најмалку бронзен медал.

Во полуфиналето тој ќе се сретне со Бесарт Пирева од Косово кој настапи на Златен Гонг 2019. Оваа борба е закажана за петок.

Вториот македонски претставник Арсим Етеми загуби од Бирол Ајгун од Турција со 5:0 и го заврши настапот на шампионатот.

Утре својата борба од четврфиналето ќе ја има Јасин Љама кој се среќава со Романецот Георге Думитреску во категоријата до 63 килограми.