среда, 18. септември 2019. Вести денес: 31
home Останати спортови

Македонски спортист преживеа пекол: За малку ќе останев без нога, а во ризик ми беше и животот (ВИДЕО)

Македонски спортист преживеа пекол: За малку ќе останев без нога, а во ризик ми беше и животот (ВИДЕО)

Австралиско-македонскиот УФЦ борец Александар Волкановски ќе ја изгубеше ногата, а можеби и животот, по настапот на УФЦ 237, при враќањето во Австралија, ако веднаш не беше хоспитализиран во болница во Чиле.

По борбата на  УФЦ 237, откако го победи поранешниот шампион Жозе Алдо во неговиот Рио де Женеиро, беше примен во болница во критична состојба и со силна инфекција на ногата.

На враќање кон Сиднеј, веќе му се слошило. Се симнал од авионот во Чиле, од каде требало да лета кон Нов Зеланд. Но, поради високата температура и отокот бил однесен во болница во Чиле, каде докторите откриле опасна бактериска инфекција.

-Да седнев на вториот лет, инфекцијата можеше да се прошири на коските и тетивите, особено поради притисокот на воздухот во авионот. Беше толку сериозно што ми се закануваше ампутација на ногата. Постоеше шанса и да го загубам животот,  изјави Волкановски за американските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

Chile hospital update

A post shared by Alexander “The Great” (@alexvolkanovski) on