вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 1
home Останати спортови

Македонската футсал репрезентација попладнево во Црна Гора го отвора квалификацискиот турнир

Македонската футсал репрезентација попладнево во Црна Гора го отвора квалификацискиот турнир

Македонската футсал репрезентација до 19 години попладнево од 17 часот против Црна Гора го отвора квалификацискиот турнир во Гибралтар за пласман на Европското првенство 2022.

Пред избраниците на селекторот Зоран Лекиќ е императивот да не загубат против Црна Гора, која вчера го совлада домаќинот Гибралтар со 6-3 и со евентуална втора победа ќе го завери првото место во групата Б од прелиминарната фаза.

Пласман во елитната рунда од евроквалификациите ќе обезбеди само првопласираната репрезентација, која квалификациите ќе ги продолжи во март идната година во група со Холандија, Италија и домаќинот Турција.

Европското првенство во футсал до 19 години, второ по ред, ќе се одржи во септември 2022 година во шпанскиот град Хаен. (МИА)

Коронавирус