петок, 3. јули 2020. Вести денес: 197
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

Во живо

Мицкоски на средби со граѓаните на Бутел

home Останати спортови

Македонска гордост: Нашата Анамарија со историски успех во олимписко таеквондо

Македонска гордост: Нашата Анамарија со историски успех во олимписко таеквондо

Анамарија Георгиевска е трета со бронзен медал на светско првенство во Тунис за јуниори.

Таа победи над Египет, Аргентина и Иран, а доживеа пораз во полуфинале од Кореа.

-Ова е огромен, историски успех за спортот кај нас и секако еден од најголемите за нашето олимписко таеквондо покрај златниот европски медал на нејзиниот брат Дејан. Гордост македонска. Слава на Господ. Браво, браво Анамарија не’ направи горди, напиша на својот Фејсбук профил, тренерот Дарко Костовски.

Анамарија е сигурен учесник и на младинските олимписки игри во Буенос Аирес септември 2018.

-Останатите три наши борци покажаа одличен квалитет на ова првенство! Одиме понатака! Трета во свет во олимписки спорт wow, напиша Костовски.

Парламентарни избори 2020