сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонија се пласира во третата зона на Дејвис Купот

Македонија се пласира во третата зона на Дејвис Купот

Македонската тениска репрезентација запиша победа и против Молдавија во групата Б во Четвртата зона на Дејвис Купот, а тоа значеше дека нашите тенисери во иднина ќе играат во Третата зона на Дејвис Купот.

Калин Ивановски одлично го отвори мечот за Македонија и славеше со 2-0 во сетови, односно 6-1 и 6-1 против Андреи Горбан, додека Горазд Србљак го совлада Максим Казак со 6-1 и 6-0.

Обрад Марковски и Стефан Мицов беа на праг да слават и во конкуренција на двојки, но по освојување на првиот сет тие решија да се предадат против Горбан и Казак.

Коронавирус