среда, 28. јули 2021. Вести денес: 17
home Останати спортови

Македонија се пласира во финалето на одбојкарската Сребрена Лига

Македонија се пласира во финалето на одбојкарската Сребрена Лига

Одбојкарската репрезентација на Македонија оствари важна победа против Хрватска во полуфиналниот натпревар од Сребрената лига.

Избраниците на Матијашевиќ со 3:2 по сетови ги совладаа „коцкестите“ и си закажаа финална средба со подобриот од второто полуфинале  кое се игра помеѓу Данска и Унгарија.

Хрватска подобро го започна натпреварот и убедливо го доби првиот сет со 25:15, а потоа македонските одбојкари се консолидираа и ги добија следните два сета со 25:19, односно 25:22. Третиот сет им припадна на гостите со 25:21 за крајно возбудлив финиш на натпреварот и петти сет кој ќе го одлучи победникот.

Во одлучувачкиот сет, за среќа подобри беа нашите одбојкари со 15:12 и на крајот забележаа нова победа со која добија можност да атакуваат и на првото место во Сребрената лига.

foto: gol.mk

Коронавирус