понеделник, 26. јули 2021. Вести денес: 176
home Останати спортови

Македонија ко-организатор на ЕП во одбојка 2023

Македонија ко-организатор на ЕП во одбојка 2023
Македонија ќе биде коорганизатор на Европско првенство во одбојка во 2023 година. Одлуката дека Европската одбојкарска федерација (ЦЕВ), ја прифатила кандидатурата, во Скопје, а челниците на македонската одбојка, првиот човек на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски и премиерот Зоран Заев, лично им ја соопшти првиот човек на ЦЕВ, Александар Боричиќ.
„Сега кога Владата ја поддржува организацијата на големите европски настани според највисоки стандарди, а тоа се однесува на Европската сребрена лига 2021, на Европското првенство за одбојкарки до 19 години во 2022, како и на една група од сениорското машко Европско првенство во 2023, можам да кажам дека Одбојкарската федерација на Северна Македонија им се доближи на најдобрите организатори на големите одбојкарски настани во Европа“, рекол Боричиќ.
Со ова Македонија ќе го продолжи континуитетот на учества на европските првенства. Македонија во 2019 година дебитираше на континеталните првенства, а во септември ќе учестува на ЕП кое ќе го организираат Полска, Финска, Чешка и Естонија.

Коронавирус