четврток, 22. април 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонија ќе биде организатор на завршниот турнир во Сребрената Лига

Македонија ќе биде организатор на завршниот турнир во Сребрената Лига

Одбојкарската федерација на нашата земја ќе биде организатор на завршниот турнир во Сребрената лига оваа година.

Турнирот ќе се одржи на почетокот на месец јуни. Претходно се закажани двата турнири од групната фаза кои ќе се одржат од 21-23 и од 28-30 мај.

Македонската репрезентација ќе игра во групата А заедно со Израел, Данска и Кипар. Во втората група ќе се надигруваат Хрватска , Австрија, Унгарија и Луксембург.

Бордот на ЦЕВ уште еднаш ја потврди целосната доверба во македонската одбојка, па покрај претходната одлука за организација на турнир од групната фаза во континенталното натпреварување, највисокото управно тело на ЦЕВ реши и битката за медалите да биде кај нас.

foto : gol.mk

Коронавирус