вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 145
home Останати спортови

Мајк Тајсон се враќа во рингот

Мајк Тајсон се враќа во рингот

Поранешниот шампион во бокс во тешка категорија, Мајк Тајсон објави дека се враќа во рингот за серија добротворни натпревари, чии приходи ќе одат за поддршка на бездомниците и луѓето кои страдаа од зависност од дрога.

Тајсон веќе влегол во сала за тренинг и неговиот прв впечаток е дека ќе биде доста тешко да се влезе во пристојна ринг-форма.

– Работев со ракавици, нема да биде лесно. Моето тело е измачено и имам болка, но тренирам. Ќе дадам се од себе за да се вратам во рингот за серија дуели. За да го направам ова, морам да работам напорно во салата за да издржам барем 3-4 рунди. Јас исто така трчам на лента, издржувам по еден час. Јас работам и на боксерски работи, постепено навлегувам во еден час. И испробувам комбинации, но болката е интензивна, изјави Тајсон за „БоксингСцин“.

Коронавирус