понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 13
home Останати спортови

Мајами со 20-годишен договор за организација на трка на Формула 1

Мајами со 20-годишен договор за организација на трка на Формула 1

Градските власти на Мајами на 26 јули ќе гласаат за идниот договор за организација на Гран при викенд во Формула 1 во градот.

Првичниот договор ќе трае десет години и ќе има можност за уште десет.

За да можат да склучат договор со сопствениците на комерцијалните права на трката од „Либерти медија“, согласност треба да дадат минимум четворица од петте градски советници .

Иако сите петмина ја изразија својата поддршка во медиумскиот простор, не е гарантирано дека тие ќе гласаат за поддршка на проектот и за време на состанокот. Тоа е затоа што има приговори од жителите во областа каде што треба да се одржува трката.

Трката ќе се одржува во близина на домот на НБА тимот, Мајами Хит, „Американ ерлајнс арена“ и ќе користи делови од рекреативниот парк „Бифорн Сити“. Состанокот на локалната власт ќе биде отворен за јавноста и секој што има забелешки за овој договор ќе има можност да разговара со комисијата.

Градоначалникот на градот Франциско Перез, кој не е најголем поддржувач на проектот, нема да има право на глас.

Коронавирус