петок, 30. септември 2022. Вести денес: 174
home Останати спортови

Мајами добива трка во Ф1 шампионатот

Мајами добива трка во Ф1 шампионатот

Формула 1 шампионатот од наредната година ќе се вози и во Мајами, откако беше потврдена десетгодишната соработка со патеката околу легендарниот „Хард Рок Стадиум“.

Во соопштението стои дека патеката ќе биде долга над пет километри и ќе се состои со две зони каде ќе може да се користи ДРС-системот.

Мајами ќе стане единаесетто место во САД, кое ќе организира трка во Формула 1 по Риверсајд, Себринг, Воткинс Глен, Лонг Бич, Лас Вегас, Детроит, Далас, Феникс, Индијанаполис и Остин.

Коронавирус