четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 11
home Останати спортови

Луис Хамилтон со нов историски подвиг

Луис Хамилтон со нов историски подвиг

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон напиша денеска историја на квалификациите за утрешното гран-при на Шпанија, откако стогна до својата 100-та пол-позиција и стана првиот возач во овој спорт кој успеал да стигне до троцифрен број на стартни позиции во Ф1.

Хамилтон беше убедливо најбрз и зад себе за четвртата трка сезонава ги остави Макс Ферстапен од Ред Бул и својот тимски колега од Мерцедес, Валтери Ботас, кои ќе стратуваат од втората односно третата позиција.

Зад првите тојца се Чарлс Леклер, Себастијан Окон, Карлос Сајнц, Даниел Рикиардо, Серхио Перез, Ландо Норис и Фернандо Алонсо. Трката за Големата нагрдата на Шпанија се води утре од 15 часот по македонско време.

ЕУРО 2020

Македонија