четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 65
home Останати спортови

Луис Хамилтон победи за ГН на Бахреин

Луис Хамилтон победи за ГН на Бахреин

Луис Хамилтон ја прослави својата 95 победа во трката за големата награда на Бахреин. Жестоко стартуваше трката за Големата награда во Бахреин, со два инциденти за кратко време.

„Кум“ на двата инциденти беше рускиот возач Данил Квјат, кој напрвин го предизвика првиуот инцидент кога во судар со болидот на Ромен Грожан, дојде до експлозија на болидот на французинот. За среќа, Грожан успеа да се извлече од огинот, кој буквално го уништи неговиот болид, откако при ударот во заштитната ограда се преполови.

На речиси идентичен, по само еден час возење, Квајт го предизвика и вториот инцидент со Строл преку контактот со гумите. Строл со десната задна гума, удри во предната лева на Квајт, по што се преврте. По двата инциденти, Квајт е казнет.

Третиот инцидент се случи кога пред три круга на трката, се запали моторот на Серхио Перез. Трката продолжи до крајот со безбедносното возило. Најмалерозната трка сезонава, сепак помина без потрагични последици.

Победата на Хамилтон беше проследена со голем огномет. веднаш по трката, тој изјави дека е свесен дека вакви опасности се случуваат секогаш кога ќе влезат во болидот. Годинава поради трите инциденти, немаше традиционално славење со прскање на шампањско. Хамилтон ја прослави 11-тата победа сезонава.

Хамилтон ги остави зад себе Макс Ферстапен, и Алекс Албон од Ред бул. До десеттото место се пласираа Норис, Саинц, Окон, Гасли, Рикардо, Ботас, Окон и Леклер.

Хамилтон, Ботас и Ферстапен се првите тројца во генерален пласман, а до крајот на оваа сезона преостануваат уште две трки.

Коронавирус