петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Луис Хамилтон ја освои првата пол позција за оваа сезона пред стартот на трката во Имола

Луис Хамилтон ја освои првата пол позција за оваа сезона пред стартот на трката во Имола

Формула 1 возачот Луис Хамилтон се избори за пол-позиција прва во новата сезона, откако беше најбрз на квалификациите за трката во Имола.

Зад него се пласираа двата возачи на Ред Бул. Серхио Перез беше за нијанса побрз од својот колега и ќе стартува од првиот грид, додека трет се пласираше Макс Верстапен.

Четвртата позиција му припадна на Шарл Леклер, кој конечно по сезона „спиење“ почна да вози како што доликува за Ферари. Пјер Гасли и Даниел Рикиардо се пласираа зад Леклер, додека голем „лузер“ е Ландо Норис кој за секунда изби втор, но поради прекршување на правилата му беше поништен најбрзиот круг денес.

Валтери Ботас разочара и се пласира на осмото место, а во топ десет се најдоа и Окон и Строл. Разочарување доживеа Карлос Саинц кој ќе стартува единаесетти, пред Расел и Фетел.

Трката за Големата Награда на Италија ќе започне во 15:00 часот.

Коронавирус