сабота, 15. август 2020. Вести денес: 75
home Останати спортови

Луис Хамилтон е нов возач на Ферари?

Луис Хамилтон е нов возач на Ферари?

Ферари призна дека оствариле разговори со светскиот шампион Луис Хамилтон за трансфер на пилотот во црвениот болид во иднина.

Главниот извршен директор на Ферари, Луис Кери Камилери, на брифинг со медиумите изјавил дека Хамилтон имал „разговори“ со претседателот Џон Елкан.

„Сосема е рано, но ние ќе ги разгледаме нашите опции во соодветно време и ќе видиме што најдобро ни одговара“, рекол тој.

Хамилтон одби да ја потврди или негира средбата со Ферари.

Камилиери додаде дека средбата меѓу британскиот возач и Елкан била на „социјален настан на кој тие биле со некои заеднички пријатели“.

 

Коронавирус