недела, 18. август 2019. Вести денес: 66
home Останати спортови

Луда трка во Будимпешта: Хамилтон доцнеше 20 секунди, но се искачи највисоко на пиедесталот!

Луда трка во Будимпешта: Хамилтон доцнеше 20 секунди, но се искачи највисоко на пиедесталот!

Трката за Големата награда на Унгарија која се возеше на патеката Хунгароринг во Будимпешта може да се окарактеризира како една од највозбудливите во оваа сезона во Формула 1 шампионатот.

Најголем „виновник“ за тоа е тимот на Мерцедес и нивната прва ѕвезда Луис Хамилтон, кој денес ја запиша својата 81 победа Формула 1. Стартот на трката не донесе некое поголемо изненадување и Верстапен рутински го чуваше лидерското место. Но, на 20 круга да крајот, Мерцедес го повика Хамилтон во боксот, каде му беа ставени медиум пневматици, па предноста на младиот Верстапен, која во тој момент изнесуваше 20 секунди, од круг во круг се намалуваше.

На четири круга до крајот Британецот успеа лесно да го претекне својот ривал и заслужено највисоко се искачи на победничкиот пиедестал. Третата позиција му припадна на возачот на Ферари, Фетел, додека четврт беше неговиот клупски колега Лаклерк.

Во генералниот пласман Хамилтон цврсто стои на челната позиција, зад Верстапен и Боатес, додека Мерцедес е неприкосновен во конкуренција на тимови.