недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Останати спортови

ЛОИ во Токио не се откажуваат поради корона-вирусот – барем засега!

ЛОИ во Токио не се откажуваат поради корона-вирусот – барем засега!

Организацискиот одбор на Летните Олимписки игри во Токио летово засега немаат намера да го откажат најголемиот светски спортски фестивал, поради коронавирусот која се појави во Кина, а случаи од заболени има и во Јапонија.

Во последните неколку дена се појавија информации за можноста да се откажат ЛОИ во Токио, закажани за 24 јули, но засега такви планови нема, освен ако епидемијата не се прошири.

„Никогаш не сме разговарале за откажување на Игрите. Организаторите ќе продолжат да соработуваат со Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) и со релевантните организации, за да ги разгледаат сите контрамерки кои можеби би биле потребни“, се наведува во соопштението на организаторот на ЛОИ.

Шпекулациите за откажување на Игрите се појавија со тези дека ИОК веќе разговара со Светската здравствена организација (СЗО) ооколу епидемијата на корона-вирусот, откако СЗО објави дека тоа е глобален проблем.

„Подготовките за Игрите продолжуваат според планот и вообичаено е, а и пракса е ИОК да разговара со главните организации, со ОН околу подготовката на игрите, а тоа го вклучува и СЗО“, се вели во соопштението на ИОК

На ЛОИ во Токио се очекува да учествуваат преку 11.000 спортисти.

Коронавирус