Останати спортови Во второто коло

Лина Ѓорческа елиминирана на турнирот во Словенија

Лина Ѓорческа елиминирана на турнирот во Словенија

Најдобрата македонска тенисерка во второто коло го заврши настапот на турнирот во Словенија откако претрпе пораз од грузиската тенисерка Екатерина Горгодѕе со 2-1 во сетови.

Првиот сет припадна на Горгодѕе со резултат 7-5, а вториот Ѓорческа фуриозно го освои со 6-0.

Грузијката сепак беше многу подобра во третиот сет и со 6-2 го освои сетот за конечна победа. Турнирот во Копер се играше за награден фонд од 60.000 долари.

To top