петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ленс Армстронг избегна парична казна од 100 милиони долари

Ленс Армстронг избегна парична казна од 100 милиони долари

Поранешниот американски велосипедист, Ленс Армстронг постигна договор со федералната влада на САД и се согласи да плати пет милиони долари поради злоупотреба на недозволени средства, со што избегна судење и можна казна од 100 милиони долари, пренесоа американските медиуми.

„Ју Ес Постал“, кој беше спонзор на американскиот велосипедист, тврдеше дека Армстронг ги измамил даночните обврзници со прифаќање милиони долари од државната агенција, а истовремено тој земал недозволени средства.

– Натпреварувачот кој намерно користи нелегални супстанци не само што ги мами своите конкуренти и навивачите, но исто така и спонзорите кои му помогнале при спортските натпревари. Договорот покажува дека оние кои мамат се одговорни, изјави државниот обвинител Чад Ридер.

Од друга страна Армстронг на договорот гледа како на победа.

– Мило ми е што го решив овој случај и ќе продолжам напред со мојот живот. Се радувам дека ќе се посветам на многу големи работи во животот – сопругата, петте деца, пишување и филмски проекти, како и хуманитарна работа со пациенти болни од рак, вели Армстронг.

Тој изрази желба да ги „закопа секирите“ со „Ју Ес Постал“, иако верува дека нивните активности се „неосновани и неправедни“.

– Пред пет години презедов целосна одговорност за своите грешки и се обидов да се искупам. Секој пат кога седнував зад воланот на тимот „Ју Ес Постал“, јас го оставав целото мое срце и секогаш бев горд дека го носев нивното лого на градите, изјави поранешниот велосипедист.

МИА

Коронавирус