петок, 4. декември 2020. Вести денес: 161
home Останати спортови

Леклер: Кога седнувам во болидот ми се јавува инстинкт на убиец!

Леклер: Кога седнувам во болидот ми се јавува инстинкт на убиец!

Еден од најталентираните пилоти во Формула 1, Шарл Леклер, смета дека треба да работи на самоконтрола за да постигне посериозни резултати.

Леклер минатата сезона ги импресионираше со своето деби за тимот на Ферари, откако го зазеде четвртото место во генералниот пласман и тоа пред клупскиот колега и четирикратен светски шампион, Себастијан Фетел.

Веднаш штом влезам во болидот ми се јавува инстинкт на убиец. Не сакам да завршам ниту на второ ниту на трето место. Овие места не значат ништо, за разлика од првото. Мислам дека ова може да помогне и да наштети. Некои грешки што ги направив минатата сезона се токму заради овој психолошки став, понекогаш ризикував премногу кога, напротив, вреди да се биде повнимателен. Желбата секогаш да се биде прв има предности, но понекогаш можеби воопшто не е во ваша корист. Треба да научите да го контролирате ова чувство, мислам дека сè ќе дојде со искуство, изјави Леклер.

Коронавирус