среда, 21. ноември 2018. Вести денес: 76
home Останати спортови

Леклер го менува Раиконен во Ферари

Леклер го менува Раиконен во Ферари
2016 GP3 Series Round 6 Spa-Fracorchamps, Spa, Belgium. Friday 26 August 2016. Charles Leclerc (FRA, ART Grand Prix) Photo: Sam Bloxham/GP3 Series Media Service. ref: Digital Image _SLA4284
Веста од Формула 1, која се очекуваше и која сите знаеја, веќе е факт: Шарл Леклер го менува ветеранот Кими Раиконен во Ферари. Ова беше објавено од страна на „Скудерија“ откако прецизираа дека Финецот заминува по крајот на сезоната.
Светскиот шампион за 2007 година, сепак, нема да си замине од Формула 1, откако ќе го заземе местото на младиот пилот во Заубер, каде Французинот го покажа својот талент во оваа година.
Договорот на Кими е за две сезони, па така тој ќе се врати во тимот каде што ја започна својата кариера. Договорот на Леклер е само за 2019 година.
– Соновите се остваруваат. Ќе возам за Ферари во Формула 1 во 2019 година. Секогаш ќе бидам благодарен на тимот за можноста што ја добивам, напиша младиот пилот на Твитер.
Неговото доаѓање во тимот од Маранело може да се дефинира како историско, бидејќи досега Ферари не се обложувал на млади и неискусни пилоти во својот тим.
Во исто време Кими има солидна година, иако повторно е во сенката на Себастијан Фетел и ќе биде интересно во преостанатите трки какво ќе биде неговото однесување на патеката и колку ќе му помага на Германецот во битката за титулата со Луис Хамилтон.