четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Лејтон Хјуит влезе во „Куќата на славни тенисери“

Лејтон Хјуит влезе во „Куќата на славни тенисери“

Некогашниот австралиски тенисер Лејтон Хјуит, кој во својата тениска кариера освои две грен-слем титули, е избран за нов член на „Куќата на славни тенисери“.

Хјуит во својата биографија освои 30 титули на АТП турнирите, а триумфираше и на Ју Ес Опен во 2001 и на Вимблдон во 2002 година.

Покрај него, во „Куќата на славни тениски имиња“ годинава влегоа и тенисерките од движењето „Original 9“, кое се борат против нееднаквиот третман и разликите во наградните фондови меѓу тенисерите и тенисерките.

Деветте тенисерки се Американките Пичис Барткович, Рози Касалс, Џули Хелдман, Били Џин Кинг, Кристи Пиџон и Ненси Ричи, како и Австралијките Џуди Тегарт Далтон и Кели Мелвил Рид.

Коронавирус