четврток, 20. септември 2018. Вести денес: 0
home Останати спортови

Легендарниот спортист доби мозочен удар

Легендарниот спортист доби мозочен удар

Поранешниот светски рекордер на 200 и 400 метри и олимписки шампион, Мајкл Џонсон објави дека имал мини-мозочен удар, но дека очекува да има целосно опоравување.

-Минатата недела изненадувачки добив таканаречен транзиентен исхемички напад или мини-мозочен удар. Добрата вест е што сум дома со моето семејство и лекарите ми предвидуваат целосно опоравување, напиша 50-годишниот Американец на Твитер.

Џонсон стана првиот човек кој ги освоил титулите на 200 и 400 метри на Олимпијадата во Атланта во 1996 година, а четири години подоцна во Сиднеј ја освои и титулата на 400 метри. Неговиот светски рекорд од 19.32 на 200 метри беше актуелен 12 години пред Јусеин Болт да го намали на 19.30, а потоа и на 19.19 на СП во во 2009 година.

Рекордот на 400 метри од 43.18 беше актуелен 17 години, кога Јужноафриканецот Вејд ван Никерк го намали на 43.03 на Олимпијадата во Рио во 2016 година.