среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 29
home Останати спортови

Легендарен аргентински тенисер е во тешка здравствена состојба!

Легендарен аргентински тенисер е во тешка здравствена состојба!

Еден од најдобрите аргентински тенисери на сите времиња, Гиљермо Вилас, боледува од Алцхајмерова болест и како што пишуваат тамошните медиуми неговата ситуација е многу критична.

Тој моментно има 67 години и се наоѓа во својата вила во Монако, опкружен со членовите на семејството. Вилас веќе подолг период не се појавил во јавноста, односно од октомври минатата година. Аргентинецот веќе неколку години се бори со оваа болест.

Инаку, Вилас своевремено го освои грен слем турнирот Австралијан опен и тоа двапати, а еднаш се радуваше и на САД Опен и Ролан Гарос. Тој има освоено и еден Завршен турнир.

Најдобриот пласман го имаше во 1975 година кога беше втор на АТП листата, а кариерата ја заврши во 1989 година. Две години подоцна влезе во „Куќата на славните“. Тој е само вториот играч кој победил на повеќе од 900 натпревари во опен ерата.

ЕУРО 2020

Македонија