четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 39
home Останати спортови

Лара Гут Бехрами победничка на женскиот супервелеслалом

Лара Гут Бехрами победничка на женскиот супервелеслалом

Швајцарката Лара Гут Бехрами беше најбрза на првата трка на Светското првенство во алспко скијање во италијанскиот зимски центар Кортина д’Ампецо.

Таа до златото во супервелеслалом  стигна со време од 1:25.51 минута, што беше за 34 стотинки подобро од сонародничката Корине Сутер.

На победничкиот подиум место имаше и за третопласираната Микаела Шифрин од САД која доцнеше 47 стоти делови од секундата зад времето на победничката.

Светското првенство во алпско скијање требаше да започне во понеделникот, но лошите временски услови беа причина за негово одложување.

ЕУРО 2020

Македонија