четврток, 15. април 2021. Вести денес: 75
home Останати спортови

Квартараро најдобар на втората трка во Доха

Квартараро најдобар на втората трка во Доха

Фабио Квартараро триумфираше на Мото ГП трката во Катар и стигна до првата победа во новата сезона во кралската класа.

Членот на Јамаха на почетокот не најавуваше ваков епилог, но го искористи потенцијалот на својот моторцикл во продолжение, успевајќи да ја добие битката со дебитантот Хорхе Мартин од Примак Дукати.

По неколку дуели меѓу двајцата, Французинот последните кругови рутински ја задржа предноста во однос на Шпанецот, а тој го загуби и дуелот со тимскиот колега Жоан Зарко, па Мартин мораше да се задоволи со третото место.

По две трки во новата сезона, водечки во генералниот пласман е Зарко кој освои две втори места.

Коронавирус