петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Останати спортови

„Кралот“ се врати: Конор Мекгрегор со спектакуларен нокаут влезе во – историјата (ВИДЕО)

„Кралот“ се врати: Конор Мекгрегор со спектакуларен нокаут влезе во – историјата (ВИДЕО)

Еден од најдобрите борци во Ултимејт-фајт серијата (УФЦ), Конор Мекрегор, рано утринава по македонско време имаше спектакуларно враќање во рингот и тоа со нокаут по само 40 секунди борба во пресметката со Доналд „Каубој“ Серон.

Ова беше прв меч за контроверзниот Ирец по тешкиот пораз од Хабиб Нурмагомедов пред 15 месеци, што кај него донесе желба за крв што најдобро се виде со фактот што само по неколку секунди му го скрши носот на противникот, односно при првото влегување во клинч.

Со овој триумф, Мекгрегор влезе во историјата на УФЦ, како прв борец кој победил со нокаут во три различни тежински категории. Овој триумф на Ирецот му ги отвора вратите и долго посакуваниот реванш со Нурмагомедов, борба која со нетрпение ја очекува целиот свет.

 

Извор: Спорт 1