среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 13
home Останати спортови

Кралевски: МОК како институција и спортот во целина заслужува многу поквалитетни кандидати, Македонија и спортот едноставно заслужуваат повеќе

Кралевски: МОК како институција и спортот во целина заслужува многу поквалитетни кандидати, Македонија и спортот едноставно заслужуваат повеќе

Против двајцата кандидати има претставка до Антикорупциска, а до едниот дури и кривична пријава до Основното јавно обвинителство. Република Македонија и спортот едноставно заслужуваат повеќе, изјави денеска поранешниот фудбалер Игор Кралевски.

-Со оглед на сите работи што можевме да ги видиме изминативе денови во и околу изборот за нов претседател на МОК не можеме да останеме на страна. И затоа денес поднесовме претставка до Антикорупциска Комисија за едниот од кандидатите заради судир на интереси. Мислам дека МОК како институција и спортот во целина заслужува многу поквалитетни кандидати од постоечките кои што се едноставно недостојни за функцијата. Против двајцата кандидати има претставка до Антикорупциска, а до едниот дури и кривична пријава до Основното јавно обвинителство. Затоа ние како загрижени спортски работници ќе ги известиме амбасади во Македонија и уште денес ќе испратиме писмо до ИОК и ЕОК. На крај да резимираме Република Македонија и спортот едноставно заслужуваат повеќе, порача Кралевски.

Коронавирус