Останати спортови

Крај за Ѓоковиќ во Мелбурн, го предаде мечот поради повреда

Крај за Ѓоковиќ во Мелбурн, го предаде мечот поради повреда

Еден од фаворитите за титулата на Отвореното првенство на Австралија, Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на Гренд слемот откако го предаде дуелот во полуфиналето со Александар Зверев.

новак Ѓоковиќ и Александар Зверев одиграа сет долг 81 минута а Зверев го доби после тај-брејк 7:6. Новак како едвај да чекаше сетот да заврши за да му ја соопшти одлуката на Зверев. Претходно српскиот тенисер се обиде со таблети да ги намали болките но не му појде од рака.

На мечот со Карлос Алкараз Ѓоковиќ доживеа руптура на едниот мускул која што го спречи несметано да го продолжи турнирот.

Не удрив ниту едно топче после дуелот со Алкараз, направив се што можам да се опоравам, да ја санирам руптурата. Лекови, завои, работа со физиотерапевти, ми помогна до некое ниво, но во првиот сет почуствував болки и не можев да издржам. Можеби ќе издржев уште пола сет или сет да го освоев првиот, но..“, искрено признал Новак дека повредата е посилна од него во моментов.

Поради ваквиот епилог, дел од публиката во Мелбурн го исвирка Новак Ѓоковиќ затоа што биле незадоволни што платиле голема сума пари за само еден сет во полуфиналниот дуел. Ѓоковиќ објави на прес-конференција дека ова Отворено првенство на Австралија би можело да му биде последно во кариерата.

To top