четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 109
home Останати спортови

Коронавирусот го стигна и најбрзиот човек во светот

Коронавирусот го стигна и најбрзиот човек во светот

Најбрзиот човек во светот Јамајканецот Усеин Болт е позитивен на коронавирусот.

Само неколку дена по роденденската забава, легендарниот спринтер објави дека има корона и дека наредниот период ќе го помине во самоизолација, односно ќе постапува како што ќе му наложат здравствените работници.

-Здраво на сите, потврдено е дека сум позитивен на Ковид -19. Направив тест и покрај тоа што немав никакви симптоми, но резултатите покажаа дека сум позитивен. Се изолирав и ги чекам понатамошните упатства за да постапам по протоколот, изјави Болт.

Резултатите од неговото тестирање одекнаа како бомба во светските медиуми, особено се подвелкува дека на неговата роденденска забава биле и неколку фудбалери Рахим Стерлинг (Манчестер Сити), асот на Леверкузен, Леон Бејил, легендарниот крикет играч Лис Гејл, реге пејачот Кристофер Мартин и многу други познати личности.

Болт иако веќе се пензионираше од атлетиката, се уште ги држи рекордите на 100 и 200 метри поставени на Светското првенство во Берлин во 2009 година. Тој стотката тогаш ја истрча за 9.58 секундо, а на двојно подолгата делница постави резултат од 19.19 секунди.

Коронавирус