петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

КОНЕЧНО НА ТЕРЕН ПО 2 МЕСЕЦИ: Ѓоковиќ го чека пеколен ривал!

КОНЕЧНО НА ТЕРЕН ПО 2 МЕСЕЦИ: Ѓоковиќ го чека пеколен ривал!

Новак Ѓоковиќ веќе подолго време немал толку тешки ривали на секое коло на ниту еден турнир.

Позната е ждрепката за Мастерсот во Монте Карло, и дали првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ може да спие мирно пред почетокот – е големо прашање.

Тоа ќе биде прв турнир по освојувањето на Австралија опен, а првите ривали со кои ќе се сретне играа во финалето за време на паузата и докажаа дека се во одлична форма.

Конкуренцијата предводена од помладиот тим тенисери е исклучително силна. Во првото коло, српскиот тенисер одмара како прв носител на престижниот турнир, но во второто коло може да се соочи со Италијанецот кого го нарекуваат „Нови Новак“.

Младиот Јаник Синер потсетува многу на Србинот во стилот на играта, но досега двајцата не се сретнаа на теренот, па немаше елементи за да се увери во тоа. Сепак, вжештениот Синер доаѓа во Кнежевството по финалето во Мајами, тој е амбициозен и сака да ги крши конците на фаворитите, а самиот Ѓоковиќ призна дека Италијанецот би можел да биде новиот број еден.

Коронавирус