понеделник, 20. септември 2021. Вести денес: 77
home Останати спортови

КМФ Проект ги почна подготовките за Лигата на шампиони во футсал

КМФ Проект ги почна подготовките за Лигата на шампиони во футсал

Македонскиот првак во футсал КМФ Проект стартуваше со подготовките за новата сезона и дебитантскиот настап во УЕФА Лигата на шампиони.

Првата фаза од подготовките ќе се одвива на Градскиот стадион во Велес каде играчите на македонскиот шампион ја одработуваат програмата под менторство на професор Методија Карапалевски за физичка подготовка и издржливост.

По освоената прва шампионска титула во клупската историја минатата сезона, екипата на КМФ Проект ќе дебитира во Лигата на шампиони во прелиминарната фаза, во која од 20 до 25 август е домаќин на квалификациската група А против Луксол од Малта, Ашход од Израел и Друидс од Велс.

Коронавирус