понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 139
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Останати спортови

Кличко го тренира Холифилд за борбата против Тајсон! (ВИДЕО)

Кличко го тренира Холифилд за борбата против Тајсон! (ВИДЕО)

Како што од претходно се предвидува, иако нема никаква официјална потврда, можна е нова борба помеѓу боксерските великани Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд.

Поранешниот боксерски шампион, Холифилд се подготвува сериозно за потенцијалниот трет меѓусебен дуел против „Железниот Мајк“.

Тајсон (53) веќе неколку пати објавува видео записи од неговите страшни тренинзи, но и Холифилд (57) има што да каже.

На тренинзите Холифилд го повика и славниот Владимир Кличко кој му помага во подготовките.

Се планираат три борби од егзибициски и хуманитарен карактер, а сиот приход ќе биде наменет за бездомниците и луѓето кои страдаат од зависност од дрога.

Коронавирус