вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 90
home Останати спортови

Кирјос откри дека добил порака од Ѓоковиќ

Кирјос откри дека добил порака од Ѓоковиќ

Ник Кирјос одново застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ кого вечерва го очекува судењето на кое треба да биде донесена конечнатао длука.

Кирјос важеше за еден најголемите критичари на Ѓоковиќ, но во оваа ситуација цврсто стои зад Ѓоковиќ и го поддржува, за разлика на пример од Надал кој редовно го криткува откако започна оваа ситуација.

„Се срамам како австралиски спортист кој добро знае што тој човек направи за нас и за спортот. Мислам дека начинот на кој се однесуваме кон него не е исправен, но медиумите тука тоа го сакаат, тие сакаат да ги делат луѓето“.

Сега одново се огласи.

„Кога првпат го поддржав Ѓоковиќ добив милион пораки во стилот: Како можеш!? На сите им одговорив дека го разбирам. Кога ќе ме прашаат како се чувствувам одговарам – засрамено! Само бараше разбирање, а цела Австралија се насочи кон него“.

Коронавирус